Здраво на сите! Сакам да ве известам дека од пред неколку недели овој блог е целосно префлен на www.surovoivkusno.com
Март, 2012
За сите ваши омилени досегашни рецепти, како и за понатамошни нови рецепти и информации, одете на новиот линк.
Голем поздрав, и уште поголема благодарност за вашата посетеност!
Ана
---------------Март, 2012
Прв пат слушнав за сурова храна како основен и единствен тип на исхрана во 2006
год, и веднаш ме воодушеви едноставноста на објаснувањето дека „only life
creates life“ (само животот создава живот), и дека внесувајќи жива (сурова)
храна и даваме живот на секоја клетка од нашиот организам.
Веќе една година бев
вегетаријанец и експериментирав со нови рецепти, така што ништо од ова не ми
дојде како преголем шок ниту на телото, ниту пак на психата. Месо престанав да
јадам скоро одеднаш. Во моментот владееше некој од птичјите вируси, и општата
паника од каде да се купува „здраво“ месо. За да не се оптеретувам со
проблемот, почнав да купувам приготвени јадења од соја како замена за оброците
со месо. Живеев во Лондон и имав огромен избор на ваква храна: хамбургери од
соја, виршли и колбаси од соја, стекови од соја, пилешки прсти од соја... Беа
навистина вкусни, и токму поради тоа не осетив дека ми недостасува месо.
Транзицијата беше ептен лесна!
Колку повеќе читав се што
ќе најдев на темата „сурова храна“, толку повеќе сакав да сум во состојба да се
разбудам еден ден и да бидам „raw vegan“! Постепено ги испразнив шкафчињата во
кујната од преработена храна, изнакупив свежо овошје и зеленчук, семки, семиња,
ореви, бадеми, тревки, растенија... ги засукав ракавите и почнав да сецкам,
цедам и блендирам. Нови, интересни, и малку повеќе чудни рецепти. Преубави,
свежи, но и неподносливи вкусови. Прочистен организам. Мачнина во стомакот од
премногу протеини, или овошни киселини. Енергија.
Не, не бев 100% „raw
vegan“... можеби 80% :) и некои 3-4 месеци бев презадоволна од својот прогрес,
се додека не останав бремена со првото дете.
Со бременоста дојдоа сите
типични симптоми: лошење, главоболки, умор... копнеж за одредени јадења (во
најголем дел junk food, пици, чоколади, чипсови) и губењето мотивација да се
“справувам“ со сурова храна (во права смисла на зборот).
Од тогаш поминаа 6 години,
во кои што можам да кажам дека (за жал) 80% од мојата исхрана се состои од
“нормална“, готвена храна. Но секој ден се надевам да најдам доволно
мотивација, енергија и време, и повторно да ја почнам оваа авантура!!
No comments:
Post a Comment