Додека живеев во Лондон бев
„навлечена“ на PG Tips чај и McVitie's Digestives бисквити: за „добро утро“ на
работа, за 11 o'clock snack, за afternoon tea time, или по било кој друг
„повод“ и во било кое друго време во текот на денот. Тука пијам Earl Grey - и
го обожавам! Ама ми недостасуваа бисквитите, и затоа направив нешто за замена -
едноставни колачиња кои што не се премногу благу и се ронат во уста, баш како и
бисквитите. А згора на тоа се и здрави, и можам да изедам колку сакам без да се
замислам дали треба или не!
Потребни состојки:
- 200гр ореви
- 100гр овесни снегулки
- 3 лажици ленено масло
- 5 лажици мед
- 2 лажици вода
- 2 лажици какао
Оревите и овесните снегулки се блендираат додека да станат прав. Потоа се додаваат сите други состојки и се блендира додека да се добие посакуваната текстура. Од смесата се прават еднакви топчиња кои потоа се сплескуваат во форма на колачиња.
Можеби сте приметиле во моите досегашни рецепти дека не користам дехидратор, па така и овие колачиња се „свежи“ т.е. недехидрирани. Доколку сакате, може да пробате и да ги дехидрирате и потоа да го споделите вашето искуство во коментарите подолу.
Уживајте ги со вашиот омилен чај!
* доволно за 14 колачиња, се припрема за 20 минути.
No comments:
Post a Comment