Омилената во нашето семејство, и една од неколкуте рецепти што продолживме да ги приготвуваме дури и кога се вративме на готвена храна.
* доволно за 4 лица (а дозволено е и целото да го изедете сами!), се спрема за 15-20мин, и што е најважно нема печење, се е свежо!
Основа („тесто“):
200гр. бадеми, изблендирани најситно што може. Јас користам Kenwood Food Processor, тип на “сецко“ со повеќе опции (блендирање, сецкање, цедење на цитрусни овошја, рендање). Претурете ја оваа смеса во не многу голем длабок сад, така што смесата да биде минимум 1см тенка.
- Доколку сакате, пред да ги изблендирате бадемите, може да ги ставите да одстојат 4 часа во сад со ладна вода. Од водата ќе набабрат и ќе им се „врати“ животот.
- По желба, додека ги блендирате бадемите, може да додадете и 1-2 супени лажици маслиново масло или масло од лен.
- Исто така, наместо бадеми, може да користите и ореви. Оревите се помасни од бадемите, така што подобро е да не додавате маслиново масло.
Фил:
Изблендирајте 4 јаболки, со или без лушпа, исецкани на парчиња. По желба, со јаболките може да изблендирате и 3-4 урми (по можност свежи, не сушени) или неколку лажички мед, со што филот ке стане поблаг. Посипете ја оваа смеса врз основата од бадеми.
Доколку можете да се стрпите, ставете го во фрижидер да одстои малку.... а потоа земете лажица и сркајте!! ....или, бидете фини и споделете го со некој друг :)
П.С. доколку сакате да послужите и некој друг, за жал нема да може да „исечете убави парчиња торта“, но самиот вкус ќе биде повеќе од доволен да ги воодушеви оние на кои им го сервирате.
Уживајте!
No comments:
Post a Comment